Сергеј, сликар и син на Петре М. Андреевски: Татко ми предвиде вакво разграбување на Македонија!

by Fokus

Великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски по 14 години од неговата смрт ќе добие спомен-соба во родната Слоештица. Таа ќе биде сместена во поранешниот Задружен дом.

Општина Демир Хисар ќе ги спроведе активностите во рамките на проектот „Откривање на скриените атракции“, кој е финансиран во рамките на ИПА Прекуграничната програма на Северна Македонија и Албанија.

Неговиот син, Сергеј Андреевски во разговор за „Фокус“ одблиску ни раскажа за животот и делото на неговиот татко, претставувајќи нѝ  го и од  еден друг агол.

Тој вели дека неговиот татко како да го насетувал ова што се случува во последните неколку години  во односите со соседите ,а во прв ред со Грција и Бугарија.

„Татко ми предвидуваше дека ќе дојдеденот кога сите околу нас ќе се обидат да ја разграбаат Македонија. Темата за поделбите беше честа тема во неговите книги и тој  длабоко беше  навлезен во прашањата поврзани со разградувањето на  македонското ткиво“, додава Андреевски.

Јорданчо Цветаноски

Фото – Томислав Георгиев

Поврзани новости