Серафимовска: Да се одложи полагањето на државна матура

by Fokus

Не смее да се дозволи цела генерација да ја повтори годината, само затоа што некој во владата не седнал и не размислил за начин и методологија како да ја заокружи учебната година, вели Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, електронското учење не е новина и треба да се применуваат алатките кои се користат во современиот свет. Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат десет мерки меѓу кои и укинување на државната матура во сите средни училишта.

„Полагање на матура може да биде организирано само за оние ученици кои имаат потреба од тоа, но таа да се полага во септември. Школската година да заврши на 10 јуни. Учениците да се оценат со средна оцена изведена од успехот на учениците во претходното полугодие, условено со завршени домашни задачи во периодот на вонредната состојба. Укинување на законските ограничувања за просечен успех кои се бараат за упис на повисока година во некои средни стручни училишта. Контролирано одвивање на учење и домашни задачи во домашни услови, да бидат ефектни и суштински без непотребно оптоварување на учениците“, – истакна Серафимовска.

 

Поврзани новости