Сенатот го ослободи Трамп од вина, тој порача: Нашето движење само што почнува

by fokus 23:26
23:26

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше ослободен од Сенатот од обвинение за поттикнување бунт, вети дека ќе продолжи да ја брани „големината на Америка“.

„Нашето величествено, историско и патриотско движење „Да ја направиме Америка повторно голема“, само што почнува“, наведе Трамп во изјавата, повторно претставувајќи се како жртва на „лов на вештерки“.

- Advertisements -

„Ќе имам многу што да споделам со вас во следните месеци и едвај чекам да ја продолжам … на патот кон голема Америка“, додаде тој, без да ја наведува својата политичка иднина.

Трамп им се заблагодари на сите сенатори „кои гордо го бранеа уставот“ и го критикуваше процесот на импичмент како „нова фаза во најголемиот лов на вештерки во историјата“.

„Ниту еден претседател никогаш не бил третиран вака“, изјави тој.

Педесет и седум сенатори гласаа „виновен“, а 43 „не е виновен“. Потребното двотретинско мнозинство во Горниот дом на американскиот Конгрес за да биде осуден Трамп не беше постигнато.

Поврзани новости