Семејствата уште чекаат да си ги погребаат починатите од невремето

by fokus

Семејствата на загинатите во катастрофалното невреме во скопско, два дена чекаат пред капелата во Бутел за да си ги земат телата на нивните роднини. Оттаму не им ги даваат телата без да се испочитува процедурата, за која никој не им кажува каде заглавила.

Единствената опција  е да потпишат изјава на нотар, со што доколку е сомнителна смртта на некој од настраданите, одговорноста паѓа на потписникот.

Проблемот може да го реши само министерството за здравство, бидејќи јавниот обивнител дал усна наредба телата да се предаваат на роднините.

Па наместо во Институтот за судска медицина, телата се предадени во капелата во Бутел, бидејќи обвинителството смета дека во овој случај на природна катастрофа нема потреба од обдукција на телата, зашто нема сомнение за сторено кривично дело.

Од Институтот за судска медицина пак, велат дека се прекршени меѓународните протоколи за масовни несреќи, бидејќи со ваквата одлука на Јавното Обвинителство ќе биде нејасно кога и како настанала смртта.

Додека институциите си ја префрлаат одговорноста, семејствата на настраданите апелираат надлежните да им помогнат за да можат своите достојно да ги испратат до вечното живеалиште.

Поврзани новости