Семејства од Карпош останаа без куќите, становите уште ги нема, Јакимовски бара трпение

by fokus

17 семејства од Општина Карпош ги дале куќите на инвеститор за изградба на зграда, но по укинувањето на ДУП-от во 2016 година процесот е запрен. Куќите им се уранти, а згради нема, па тие пет години живеат под ќирија.

Минатата недела тие секој ден го блокираа булеварот „Теодосиј Гологанов“ со барање да се донесе Деталниот урбанистички план и да им се реши проблемот.

На Горан Ѓорѓиевски куќата му била урната пред година ипол и иако немало одобрение за градба, му биле ветени станови.

Во 2013 година потпишавме договор и дојдовме до фаза до пред градење, но во тоа време имаше избори и функцијата ја презема Стефан Богоев. Беше поништен ДУП-от. Околу нашиот простор се изградија многу згради на местото каде што имаше празен простор, објаснува Ѓорѓиевски за „Фокус“.

Проблемот го лоцира и во Општината и во инвеститорот.

Од Министерство за транспорт и врски велеа дека се е во ред, но кога поднесувавме во Општината имаше проблем.  Дојдовме до фаза каде инвеститорот доби одобрение за подготвителни работи. Не чекајќи да се одобри целата административна процедура, пред да има одобрение за градба се премина во фаза на рушење на куќите. Срушена беше и мојата нова куќа.

Тој вели дека кога ДУП-от бил поништен им било ветено дека нов ќе биде донесен за четири месеци, но ни по четири години тоа не се случило.

Парцелите заокружени со црвено се неизградени.

По барање на сегашниот градоначалник Стевчо Јакимовски граѓаните од денеска протестот го ставија во мирување.

На средбата градоначалникот ги замоли граѓаните да го прекинат протестот и повеќе да не ја блокираат улицата, со ветување дека службите веќе го подготвуваат и ќе биде пуштен на јавна анкета урбанистичкиот план за тој дел од општината. На јавната анкета граѓаните ќе можат да си го дадат своето мислење и да ги искажат своите забелешки.
радоначалникот ги замоли да го прекинат протестот, а истовремено се заложи дека во наредниот временски период тој ќе се потруди нивниот ДУП да го изложи пред советниците и да биде позитивно решен, велат од Општината.

Ѓорѓиевски вели дека побарале конкретни рокови од градоначалникот и враќање на стариот ДУП кој беше укинат од Уставниот суд. Вели дека доколку се намали катноста, ДУП ќе има, но нема да има инвеститори.

К.С.Б.

 

 

Поврзани новости