Семакедонски национален совет уште еднаш протестираше за одземање на мандатот на Заев

by fokus

Група на патритски здруженија кои се нарекуваат „Семакедонски национален совет“ денеска по втор пат протестираа со барање претседателот Ѓорѓе Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев.

Попладнево се одржа нов марш од канцеларијата на Европската унија до Вила Водно, а демонстрантите побараа од претседателот да му го одземе мандатот на Зоран Заев, да посредува помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и да се стави крај на како што велат братоубиствената војна. Побараа претседателот да се изјасни за, како што велат, големоалбанските дејствија во државата, потоа мешањето на соседите и меѓународниот фактор во внатрешната политика.

Воедно демонстрантите го повикаа Иванов јавно да ги повика македонските политички партии да не патуваат во Париз на состанокот кој го најави Иво Вајгл.

Поврзани новости