Селмани: Заев избрза со понудата за широка влада

by fokus

Имер Селмани во вечерашното гостување на телевизија Телма оцени дека премиерот Зоран Заев избрзал со понудата за широка влада.

-Премиерот избрза само после 2- 3 дена откако ја потврди довербата во Собранието да понуди широка влада, која ниту се сфати, ниту се прифати. Зошто така набрзина се случи една таква сериозна понуда.. Мислам дека изворот на понудата лежи во самата основа и голема желба на премиерот да има помирување во базата, која тој ја нарече едно општество за сите. За жал, тоа не наоѓа плодна почва на Балканот, кога имаме ваква поделба во општеството. Желбата за едно општество за сите премиерот ја даде недоволно обмислена, смета Селмани.

Поврзани новости