Селмани: Власта сака на избори со излажани граѓани

by Фокус

Сега во овие медиуми не се презентираат информации, се презентираат извртени информации, спинови, извртувања, подметнувања, црна кампања и граѓаните тоа ќе имаат можност да го слушаат и врз основа на тие, под наводници информации, ќе донесат одлука и тоа е целта на владејачката гарнитура, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој се сомнева дека воопшто преговорите за медиумите меѓу работните групи воопшто ќе продолжат.

– Прво, ние не знаеме дали воопшто преговорите за медиумите ќе продолжат. Јас, да бидам искрен, очекував ваков однос од власта, затоа што мислам дека на нив медиумите им се поважен инструмент во одржувањето на власта, отколку да речеме обвинителот или откажувањето од неколку министерски места, затоа што системот на владеење на оваа владејачка гарнитура е таков што без медиуми тие не би можеле да ја продадат приказната во којашто ја убедуваат македонската јавност. Прво, сакам да кажам што се случува во преговорите. Мислам дека преговорите се блокирани по вина на владејачките партии. Чудно е што ДУИ на почеток ги поддржуваше предлозите на господинот Ван Хојте, а во меѓувреме се откажаа и сега застануваат на страна на ВМРО-ДПМНЕ, коишто практично предлагаат ништо да не се смени – истакна Селмани.

Селмани смета дека меѓународната заедница, како еден од гаранторите, треба прво да најде начин да ги деблокира тие процеси и според него веројатно ќе биде потребен поголем притисок и од американската администрација и од Европската комисија за да ги натера практично владејачките партии, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, да се откажат од тие позиции.

– Навистина, тие решенија коишто се понудени ги инкорпорираат барањата на новинарската заедница, медиумската заедница и на медиумите. Значи, неговите предлози не се негови предлози, тоа е компилација од предлозите од сите чинители во општеството и мислам дека ако тие предлози бидат прифатени, ние целосно ќе одговориме на забелешките на последниот извештај од Европската комисија – вели Селмани во неделното интервју.

Поврзани новости