Селмани: Договор со Владата нема, согласност има, ама на палома

by lali

Лидерот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, почна да применува вмровски финти во своето работење. Откако без согласност на членството се договорил нешто со Владата, во стилот на Иле Димовски од ВМРО-ДПМНЕ изјави:

– Договор нема, ама има согласност. Печат нема, ама има потпис. Ветер нема, ама има магла. Меморандум нема, ама има палома. Ја договоривме, ама не ја признаваме – изјави Селмани.

По ова се очекува законот за медиуми да биде усвоен со “као какао” процедура. Они као усвајају, ми се као љутимо. И све је мутно као, као какао…

Поврзани новости