296
Следната недела, во собраниска процедура се очекува да влезе предлог – законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, предложен од Министерството за информатичко општество и администрација.
Според, Здружението на новинарите на Македонија, сегашниот предлог е неприфатлив и истиот треба да биде разгледан од почеток.
Првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани вели дека Владата преку усвојувањето на предлог – законот, ќе влијае врз медиумите.
-Со овој закон, Владата се обидува да легализира една корупциска практика во односите помеѓу власта и медиумите. Вие знаете дека главната причина поради која голем дел од медиумите ѝ даваат поддршка на владата, се средствата кои ги добиваат преку овие медиумски кампањи – рече Селмани.