Селин Дион откри зошто Џек не се спасил во филмот „Титаник“

by Fokus

Пејачката Селин Дион гостуваше во американското шоу на Џими Фелон и говореше за култниот филм „Титаник“.

Навраќајки се на завршната сцена кога Леонардо ди Каприо умира, а Кејт Винслет се спасува, Дион смета дека Џек немал сила да го стори истото.

„Ако ја погледнете таа сцена подобро, ликот во студениот океан можеби бил толку смрзнат што дури немал снага да се качи на вратата“, вели Дион.

И самиот режисер Џејмс Камерон во неколку наврати говореше за таа сцена.

„Во филмот се работи за смртта и разделбата, Џек мораше да почине. Да преживееше, филмот ќе немаше никаква смисла“, вели Камерон.

Поврзани новости