Селами има спротивен став од Симовски околу попишувањето на отсутните

by Фокус

Заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Иљми Селами, вели дека не е точно оти етничката и верската припадност на лицата кои во моментот на пописот нема да бидат во државата не може да ја потврдат нивните роднини. Во однос на тоа, првиот човек на ДЗС, Апостол Симовски, пред неколку дена рече дека кога некое лице дава податоци за друго лице, не може да се даде одговор на прашања за коишто се бара исклучиво лично изјаснување.

-Што сакал да каже директорот не знам, најдобро знае тој. Само знам дека тоа што го кажал е грешка и тоа од две причини. Такво нешто не е предвидено ниту со Законот, ниту со методологијата. Законската одредба е општа и вели дека ќе даде податоци кои се однесуваат на лица кои се надвор. Ги вклучува сите податоци од матичен број и се друго што се однесува на пописот – вели Селами за ТВ 21.

Поврзани новости