Села: Заев нека назначи и заменик премиер за бурек!

by fokus

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, не гледа причина зошто би требало да се промени договорот за составување на владата и на неговата партија да му се одземе ресорот за здравство.

Села не ја сфати сериозно понудата на премиерот, дури и се пошегува на негова сметка, предлагајќи му ресурс кој ќе се занимава со распределбата на бурек.

„Му предложив на премиерот да назначи и еден заменик премиер кој ќе се занимава со распределба на бурек за министрите и тоа министерство со задоволство би му го предал на Демократската Унија за Интеграции“, истакна Села.

Села изјави дека лидерот на ДУИ бара Алијансата за Албанците да замине од владата поради како што вели, успешното управување  на кадарот на оваа партија. Села изјави дека не држат вода ниту изјавите на премиерот Заев, дека министерството за здравство го добило Алијансата само поради Таравари, туку според Села тоа се случило така во времето бидејќи тогаш СДСМ ги немала потребните бројки за составување на Влада.

 

Поврзани новости