Села: Заев без мојата поддршка ќе беше во затвор

by fokus

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, вечерва на Топ Тема рече дека доколку тој не му ја дал поддршката на премиерот Зоран Заев за формирање влада, тогаш Заев ќе бил во затвор, како што рече, од страна на режимот.

-Знам да бидам коректен и да се држам до зборот. Многу ми е смешно, повеќе трагично, Заев излегува во Гостивар и вели дека со крената глава и со неколку лузни им бара поддршка. Не знам дали е свесен дека Села има лузни во мозокот, уште пострашно од неговите на лицето. Како политичар неговото однесување е океј, ама не како човек, рече Села коментирајќи ја поддршката што СДСМ му ја дава на ДУИ на локалните избори.

 

Поврзани новости