Села: СЈО досега не ја исполни целта за која е основано, а ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сакаат да го згаснат!

by fokus

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, по денешната средба со премиерот Заев и министерката за правда, Рената Дескоска, го кажа својот став околу законот за Јавно обвинителство.

Според неговата партија, СЈО ја нема исполнето целта за која истото е формирано и тоа треба да продолжи со работа.

„На средбата зборувавме околу актуелната ситуација за СЈО, поточно законот за Јавно обвинителство, кој за цел има да се инкорпорира внатре во овој закон. Ние како партија сметаме дека треба да продолжи со работа СЈО како што е формирано. Предлагаме да се интервенира во законот за обвинителство, да функционира како тело внатре во правниот систем на државата. Тоа би бил наш предлог за Алијанса на Албанците. Ќе дадеме поддршка за таков предлог. Предметите да не останат во фиоките, туку да ги процесуира Јавно обвинителство. СЈО треба да продолжи со работа, ставот наш е дека досега Специјалното обвинителство ја нема исполнета целта за која е основано. Според Алијасна за Албанците не треба да се додадат само нови хартии и закони, туку треба да даваме примери и за функционери, бивши и сегашни. Овие тела да не служат како одбранбени тела кои ќе ги заштитуваат функционерите од било која партија. Да се направат промени во законот за СЈО. Да нема рокови за вршење на должноста и да се формира специјално судство кое ќе се занимава со овие предмети на СЈО. Еден од предлозите би бил, со закон да се санкционира секој бивш или сегашен граѓанин на РМ кој ќе биде именуван од Владата во било која фунцкија, да нема право да биде член на Совет на обвинители, Совет на судови. Нема логика да зборуваме за деполитизирање, а од друга страна во Судски совет да инсталираме членови на бивши функционери на политички партии, да бидат членови кои ќе треба да делат правда. Одредени чинители на бившиот режим сакаат да го згаснат СЈО, а тие ги имате во сегашната Влада. Се знае кои се тие, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Дел од забелешките на опозицијата се дека, имаат право дека досега, СЈО било политизирано“, истакна Села.

Поврзани новости