Села: Што бараше заменик премиерот да шета по изгорената болница?

by fokus

Никој не треба да биде поштеден од одговорност, ако не сакаме да ни се повторат вакви трагедии, порача лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во емисијата 24 анализа за трагедијата што се случи во тетовската модуларна болница, во којашто изгореа 14 лица.

Според него, немало да се случи ваква трагедија доколку имавме добри болници. Во врска со истрагата вели дека го интересира што бараше следниот ден заменик премиерот заедно со група од над 20 партиски членови да шета по модуларната болница која веќе беше изгорена.

– Кога зборуваме за истрагата, дали тоа значи дека со самиот пристап внатре во забрането место, каде се ставаат ленти и каде не смее никој да има пристап, да има фотографии каде тие се присутни внатре. Дали ова оневозможува на истражителите да ја откријат причината за пожарот? Дали некои од тие 20 може да фрли нешто за да служи наводно како доказ дека се најде причината за пожарот? – вели Села.

Поврзани новости