Села разговарал со Заев, Министерството за здравство ќе остане кај неговата партија

by fokus

Алијанса за Албанците не се откажува од Министерството за здравство. Лидерот на оваа партија Зијадин Села за ТВ21 вели дека имал средба со премиерот Зоран Заев на која, како што вели, било отворено и ова прашање. Како што вели тој, во наредните денови ќе биде закажана собраниска седница на која ќе биде назначен новиот министер.

 „Ние се договоривме во јуни, кога се формираше владата. Имав средба со Заев и оценивме дека нема потреба да има промени во владата. Алијанса за Албанците и понатаму ќе биде дел од Владата и Министерството за здравство и понатаму ќе ни припаѓа на нас“, рече Села.

Но, Зијадин Села не сакаше да открие кој ќе биде наследникот на Арбен Таравари, кој на локалните избори стана градоначалник на Гостивар.

Поврзани новости