Села најавува можна коалиција со ВМРО за локалните избори

by Фокус

Не исклучуваме можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, но предизборна коалиција не правиме со ниедна политичка партија се додека има отворени етнички прашања“, вели лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.

-Заеднички листи за советници нема да има, но Централното собрание на партијата ќе одлучи за евентуална коалиција за поддршка на кандидати за градоначалници. Централното собрание на партијата е највисокиот орган. Се разбира, кога некого ќе изнесеш на трка, не можеш да му го одземеш правото тој да влезе и да направи можни коалиции, можни договори за да успее да победи – порача Села.

Поврзани новости