Села: Македонија да биде една изборна единица

by fokus

Претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села смета дека проблемот со нееднаквоста на изборните единици најдобро ќе се реши ако Македонија биде една изборна единица и ако пратениците се избираат по пропорционалниот модел.

– Сега, кога се актуелни измените во законот за избори, треба да се размисли да се промени изборниот модел и да се укинат изборните единици, односно да има само една изборна единица. Само на овој начин тежината на гласот во Тетово, Битола, Струмица и во Струга би бил ист. На народот во Македонија му треба слобода да избира. Затоа треба да се воведе пропорционален модел со отворени листи, така што граѓаните ќе можат слободно да избираат, без да се наметнуваат лидерите на партите или некои повисоки функционери во изборните листи – изјави Села.

Инаку, работната група која треба да реши за вишокот глaсачи во шестатa изборна единица ќе се состане утре. Сите опции се на маса, а до понеделник се очекувата измени на изборниот закони.

Според Села, целта на дебатите за шестата изборна единица во која има повеќе гласачи е да се мајоризира албанското гласачко тело.

Поврзани новости