417
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на гостувањето во емисијата „Патот кон“ која ќе се емитува вечерва на програмата на ТВ Алсат-М потврди дека остануваат во владиното мнозинство и дека новиот министер за здравство на местото на Таравари кој стана градоначалник на Гостивар, го знае и дека по професија е лекар.
-Кој ќе биде новиот министер за здравство ќе му кажам на премиерот Заев кога ќе ми се јави тој – вели Села.
Тој потврди дека со премиерот се нема ни видено ни слушнато од времето на кампањата за вториот круг на локалните избори.