Села ќе излезе од Владата, а СДСМ ќе го земе Министерството за здравство?

by fokus 09:57
09:57

Се очекуваат крупни промени во владината коалиција, по долгите преговори меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, кои три месеци го оставија празно министерското место во Здравството.

Промени вчера навестија и рокадите во пратеничката група на СДСМ. Пратеникот Васко Ковачевски, беше поставен за директор на РЕК Битола, а на негово место седна министерот без ресор, Самка Ибраимовски, кој си поднесе оставка.

- Advertising -

Според информациите на МИА, ќе бидат направени и други промени во владиниот состав освен пополнувањето на испразнетите места. Во Владата најверојатно повеќе нема да учествува Алијансата за Албанците, а министерското место за здравство ќе го земе СДСМ.

Изборот на новите членови на Владата би требало да се случи следната недела.

Поврзани новости