Села: Јас бев 61-от пратеник кога се избираше претседател-Албанец на собранието, а Ахмети не беше таму

by Фокус

Лидерот на Алијансата за Албаните, Зијадин Села, кој е кандидат за градоначалник на Струга, синоќа во струшко Ливада истакна дека неговата партија е заслужна за отворање на албанското национално прашање во Македонија, потенцирајќи го изборот на Албанец за претседател на Собранието како и законот за јазиците.

– Тоа што цело време се повторува претседателот на Собранието Албанец, речено – сторено. Беше кажано и во 2014  но и во 2011 година, но не беше реализирано. Беше кажано во 2016 од наша страна, и ние бевме тука за да се избере Албанец за претседател на Собранието. Јас бев 61-от пратеник, а Али Ахмети не беше тука – изјави Села.

Поврзани новости