Села: Избори во темница не можат да бидат фер и демократски!

by fokus
Според Села не може да се реши политичката криза, бидејќи судството е комплетно политизирано.
-Нашите ставови се јасни уште на почетокот кога избувна оваа политичка криза со прислушувањето. Ние на првото централно собрание на нашата партија како движење за реформи имавме јасен став. Ние повикавме во Македонија да дојде европското судство, од типот на ЕУЛЕКС. Веќе од тогаш ни беше јасно дека само преку едно специјално јавно обвинителство не може да се решава политичката криза имајќи предвид фактот дека судството е комплетно политизирано и корумпирано.
Тоа е реалноста во Македонија, од друга страна тоа има придонесено граѓаните да не веруваат во правниот систем. Единствен начин за да се врати довербата во правниот систем, нам ни треба независно судство кое ќе дојде од странските држави. И стоиме уште на тоа дека само на таков начин ќе се врати правдата во државата и дека криминалците ќе завршат во затвор и народот ќе се ослободи, вели Села.

Поврзани новости