Села: Избори на пролет и техничка Влада доколку не добиеме датум

by fokus

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во вчерашното издание на дебатниот магазин Click Plus на ТВ21, рече дека доколку не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, ќе се направи техничка Влада согласно Пржинскиот договор, по што на пролет ќе се одржат вонредни парламентарни избори.

Тој упати јавна покана до Блерим Река да се приклучи кон Алијансата за Албанците. За потсетување, Блерим Река беше во официјална трка за претседател на Македонија на последните претседателски избори.

Поврзани новости