Села го поддржа Дехари за градоначалник на Кичево

by Fokus

Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците во Кичево порача дека тие имале храброст и биле онаму кај што се избирал претседателот на Парламентот и кај што се уривала владата.

– Многу лидери не беа токму на тој ден во парламентот. Дозволете ми овде во Кичево јавно да апелирам и да му дадам поддршка на Фатмир Дехари за да повторно биде избран за градоначалник. Но, исто така ќе ми дозволите јавно да го запрашам Али Ахмети со какви пораки тој ќе доаѓа во Струга ако веќе јас доаѓам овде во Кичево со порака за заедништво – истакна Села.

Поврзани новости