Села и Гаши прашуваат: Дали ДУИ станува засолниште на дилери со дрога?

by Фокус

Иако во време на пандемија, кога речиси целиот фокус е насочен кон борбата против Ковид-19, сепак нелегалните активности, како што се корупцијата, дрогата и криминалот, не престануваат, реагираат од опозициските Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Случајот со притворањето роднина на заменик-министерот за внатрешни работи, Назиф Буш, јасно покажува дека луѓето блиски до Владата, поточно до ДУИ и СДСМ, сметаат дека се заштитени од Владата дозволувајќи си да се занимаваат со дрога. Како да не е доволно ова, и новиот советник на првиот вицепремиер, Артан Груби, испадна дека е вмешан во темата со наркотици, што уште еднаш зборува дека ДУИ – како дел од Владата – станува засолниште за луѓе што се занимаваат со дрога“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците и Алтернативата.

Од партиите на Зијадин Села и Африм Гаши порачуваат дека ако Зоран Заев и Оливер Спасовски не ги осудат овие случаи тогаш стануваат соучесници.

Поврзани новости