887
Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села поради болки во градите од синоќа е хоспитализиран на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје.
Портпаролот на партијата, Флакрон Беџети, информира дека здравствената состојба на Села е стабилна. Тој прво бил примен во охридската болница, но потоа бил префрлен на скопските клиники.