Села: Дојде време за промена на полурежимот на СДСМ и ДУИ

by Фокус

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, смета дека неопходни се предвремени парламентарни избори, бидејќи, според него, дојдено е време да се смени власта во земјава.

-Ние како Албанци, како албанска партија, сметаме дека предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро. Ова со цел конечно да се смени власта и на тој начин да се донесе демократија и да ја вратиме надежта на луѓето и да се запре егзодусот на младите кон ЕУ – рече Села.

Воедно, тој упати критики кон албанската владејачка партија ДУИ, обвинувајќи ја дека владеела на незаконски начин.

-Сите функционери на ДУИ се заштитени од овој сегашен полурежим на СДСМ и ДУИ, кои мора да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги имаат направено. Затоа велиме дека е многу важно да има предвремени избори со цел да дојде до израз одговорноста на албанскиот дел од владата – истакна лидерот на АА.

Поврзани новости