Села: Албанците да прекинат да трчаат по Никола Груевски

by Фокус

Да подржите премиер, кој за време на изборите бара 62 пратеника, за да не го уценуваат Албанците е скандал. Тоа значи тепање врз Албанците. Мендух Тачи и неколку како него се гледаат, како да се дел од Владата. Ако претседателот на ДПА има јасни ставови, немаше да биде толку време во опозиција. Ова се само дел од изјавите на градоначалникот на Струга, Зијадин Села, кој ги даде во интервју за телевизија „Алсат“.

Тој неколку пати го нападна вербално лидерот Тачи, за кој нагласи дека не знае како да ја води партијата.

– Ако сега има избори, Мендух Тачи нема да добие поддршка. Во ДПА има повеќе исклучени членови, отколку што се тие сега во партијата. Има незадоволство во сите ограноци. Чекаме да се формира Влада, за да видиме, кој е во опозиција.  Се додека проектите на Македонците, не зависат од гласовите на Албанците, тука нема перспектива – истакна Села во интервјуто.

Според него, ветувањето дека Македонија ќе стане членка на НАТО за шест месеци е невозможна мисија.

– Македонија е земја на апсурди. Албанците треба да прекинат да трчаат зад Никола Груевски и Бранко Црвенковски. Јас не се гледам понатаму ниту со Тачи, ниту со Ахмети. Сето тоа, што прави Ахмети, за да се земат повеќе министри, му одзема повеќе, отколку што му дава на џебот на граѓанинот Албанец – тврди Села.

 

Поврзани новости