Секуловиќ нема прецизни информации дали Црна Гора ги споделила сите сознанија со Македонија за бегството на Груевски

by fokus 14:46
14:46

Генерално во однос на размената на информациите соработката е одлична на МВР на С Макеоднија и на Црна Гора. Во текот на 2020 година помеѓу Националните бироа на Интерпол се разменети околу 540 информации, а Секторите на криминалистичка полиција или Секторите што се занимаваат со организиран криминал имаа низа успешни акции, размената на податоци за миграциите и реадмисиите функционира одлично. Тоа е реалноста на односите помеѓу С. Македонија и Црна Гора.

Ова го изјави црногорскиот министер за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ, на прес-конференцијата по денешната работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

- Advertisements -

На новинарско прашање дали се разменети информации за бегството на Никола Груевски, Секуловиќ одговори дека во овој момент не може јасно да одговори, бидејќи, како што рече, нема прецизни информации.

Поврзани новости