Сексуалното образование не се воведува во второ одделение, тоа беше лажна вест, туку ќе биде изборен предмет во деветто одделение, најави министерката за образование и наука Мила Царовска.
-Бидејќи е изборен предмет, наставниците кои се подготвени да ги предаваат овие теми ќе поминат соодветна обука. Во моментов се држи интензивна обука во четири пилот училишта каде што треба да се воведе од наредна година пилотирање на изборен предмет сексуално образование, во 9 одделение. Сите анкети покажуваат дека и родителите, и учениците, и наставниците имаат потреба од овие теми во образовниот систем во погорните одделенија. И така е поставен концептот – изјави Царовска на Канал 5.
Според неа, девијациите како „јавна соба“ се резултат на недостиг на дискусија за овие теми во училиште.