Секоја жена е убава на свој начин – моден настан за подигање на женската самодоверба

by fokus

Втора година по ред се одржа специфичен настан „Флеш моб“ кој ги изненади посетителите на Пјаца Дуомо во Милано.

На почетокот на март, Лаура Броши, повторно организираше „Модна писта за позитивна слика на телото“, настан на кој како главен поддржувач се јави LISCA.

Жени од сите облици, големини, бои и состојби на кожа, гордо чекореа пред многубројната публика и обожаватели, со цел уште еднаш да ја нагласат важноста на самодовербата.

Лаура и нејзините девојки и поддржувачи чекореа по модната патека во чиста целосно бела долна облека Lisca (во линијата Alegra и сосема нова серија Desiree).

На пистата, облечени во Lisca, учествуваа моделот Фабијана Пасторино, Miss Italia Curvy 2016, моделот за плус броеви Зуза Закревска од Полска, германскиот модел за плус броеви Шарон Гробен, блогерката Бенедет Де Лука и влијателниот модел Нина Рима.

Поврзани новости