Секој трет тендер заминува во рацете на иста компанија во Кичево

by Fokus

Истражувањето на Организацијата „Рурална коалиција“ откри дека во општина Кичево и ЈП „Комуналец“ има тенденција на корупција. Јавните набавки покажуваат дека во 2021 година во овие две институции секој трет тендер заминал во рацете на иста компанија.

Во „Комуналец“ од 61 потпишан договор, 34% од нив се потпишани или ги добила иста компанија, а во општина Кичево од 35 потпишани договор, на 17% од нив стои потписот на иста компанија.

Од „Рурална коалиција“ велат дека ова придонело цените да бидат уште повисоки во однос на конкурентните цени на пазарот. Од друга страна пак, директорката на оваа организација, Лилјана Јоноски, вели дека она што се случило во Кичево и што е неоправдано е откажувањето на тендерските постапки во општината и тоа 29% и во 26% „Комуналец“. Ова е јасен показател дека има индиции за корупција, додава таа.

Мартина Дојчиновски, координаторка на проектот, вели дека за ова се жалат и економските оператори и дека нивните поплаки се прифаќаат и од Државната комисија за жалби..

Истражувањето, меѓу другото, покажува дека овие две институции не ги објавуваат потребните информации поврзани со јавните набавки, како што се повици за јавни набавки, потпишани договори и информации за спроведени договори.

Поврзани новости