Секој трет ден во Скопје се дишело многу загаден воздух

by Фокус

Според мерењата на квалитетот на амбиентниот воздух во изминатава година загадувањето на воздухот во речиси сите делови на градот Скопје, беше над макимално дозволената граници повеќе од 100 дена, велат од опозициската советничка група на Сојузот за иднината во која членуваат советниците на ЛДП и на СДСМ.

– Во Лисиче загадувањето над дозволеното ниво беше дури 174 дена, а во Центар 147 дена. Најголемо пречекорување е на концентрацијата на ПМ 10 честичките, за кои веќе одамна е утврдено дека се канцерогени и дека предивикуваат низа заболувања со огромни штетни последици по здравјето на луѓето. Максимално дозволената граница за ПМ10 честичките од 35 микрограми на метар кубен, во градот Скопје често пати се надминува дури и за десет пати. Но покрај ПМ честичките, се надминуваат и максимално дозволените граници на присуството во воздухот на олово, јаглен двооксид, сулфур двоокид, како и на низа други штетни суптанции – велат советниците од редовите на опозицијата.

Поради сето ова советниците бараат градоначалникот Коце Трајановски итно да изготви Информација за краткорочни и долгорочни конкретни мерки и активности кои ќе ги преземе градот за ублажување на алармантнта состојба предизвикана од загаденоста на воздухот во градот Скопје и да ја достави до Советот, кој ќе расправа по информацијата на првата наредна седница.

Поврзани новости