Секој сака да го гледа европскиот првак: Вардар пушти во продажба дополнителен број билети за дуелот со Кил

by Fokus

Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Кил од денеска се пуштени во продажба дополнителен контингент на билети.

– Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ билети. Истите се за секторот „СТОЕЊЕ“.

Цената на билетите е 150 денари, соопшти РК Вардар.

Натпреварот меѓу Вардар и Кил е закажан за в сабота (12 октомври со почеток во 17:30 часот) во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.

Поврзани новости