Секој политички гостин во Неготино ќе мора да засади дрво, Филипче беше прв!

by fokus

Секој гостин во Неготино ќе има обврска да засади по еден садник, со цел да се покаже грижа кон животната средина.

Вчера, при својата посета во Неготино, министерот за здравство Венко Филипче ја имаше можноста да биде првиот политички гостин кој заедно со претседателот на Здружение на граѓани Ековита, Сашко Тодоров, посади садница.

Од Ековита велат дека садниците кои политичките гости ќе бидат обврзани да ги посадат во градот ги произведуваат младите агрономи од нивното здружение, а овие активности се дел од проектот Засади ја својата иднина, финансиски поддржан од општината.

-Водиме грижа за животната средина, изјави за ,,Фокус” министерот, по повод настанот.

Тој беше гостин во градот и имаше средба со граѓаните. Изјави дека внимателно ги слушал идеите на младите лица кои се вработени во областа на здравството и сакаат да напредуваат. Порача дека многу од тие идеи веќе се реализирале, како на пример платени дежурства за приватни специјализанти, здравствено осигурување и покачување на платите на лекарите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости