Секој кој гледа Евровизија ќе може да даде глас за омилените песни!

by Fokus

Наместо 50:50 гласање поделено меѓу телевоутингот и националното жири, за 10-те места од секое полуфинале отсега ќе одлучува единствено телевоутингот.

Професионалното жири ќе гласа во финалето, како и обично, но останува на телевоутингот кој ќе стигне таму. Исто така, гледачите од земјите кои не учествуваат ќе можат да гласаат на Евровизија- информираат од Европската радиодифузна унија (ЕБУ). На Евровизија 2023 кој ќе се одржи во Ливерпул ќе учествуваат 37 земји. Ова е 67-мо издание на популарната музичка манифестација. Македонија нема да учествува поради финансиски тешкотии, соопштија од јавниот сервис МРТ минатиот месец.

Исто така, информираа дека сепак ќе има пренос од Евровизија, и се надевале дека состојбата ќе се стабилизира, по што Македонија во 2024 година ќе се врати на настанот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости