Секое второ дете се лекувало поради загадениот воздух

by Фокус

Итни мерки против загадувањето на воздухот бара првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ нагласувајќи дека на децата во Македонија им е загрозено најементарното право според Конвенција за правата на детето – правото на живот.

– Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена. Децата се најосетливата група на сите загадувања од животната средина пред се затоа што имаат организам во развој, затоа што имаат позабрзано дишење и поголема глад за воздух од возрасните и затоа што се немоќни што било да сменат – вели доктор Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје.

Истражувањето Прочистете го воздухот заради децата (УНИЦЕФ), укажува дека загадувањето на воздухот е важен фактор за смрт на речиси 600.000 деца помлади од пет години секоја година и е закана за животите и иднината на милиони секој ден.

Поврзани новости