Секое американско домаќинство ќе добие 3.000 долари од државата

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша Законот за пакет економска помош во висина од две илјади милијарди долари, со што треба да се намалат економските последици од новиот коронавирус во САД.

Претходно, предлогот за најголемата државна помош го усвои Претставничкиот дом, каде мнозинството се демократи, како и во Сенатот, каде мнозинство имаат републиканците, а стапува во сила со потпишувањето од страна на претседателот.

Трамп истакна дека Законот претставува неопходна помош за американските работници погодени од економските последици предизвикани од епидемијата со Ковид-19.

Пакетот економска помош предвидува фонд од 500 милијарди долари за индустријата, а идентична сума пари ќе се одвојат за мерката по 3.000 долари за секое американско домаќинство.

Поврзани новости