Сејдини: Не сум знаел дека Заев е правник

by fokus

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини во интервју за ТВ 21 му одговори на премиерот Зоран Заев за неговите изјави дека ФФМ мора да го усогласи Статутот со Законот за спорт.

-Не сум знаел дека Премиерот е правник, така да овие работи им остануваат на правниците, на тие кои се занимаваат со спорт, на тие кои се занимаваат со статути и Законот за спорт и нешто друго, додаде Сејдини.

Во врска со другите обвинувања на Заев дека постојат делегати на ФФМ кои доаѓаат од фантом клубови, Сејдини рече дека ако навистина има такво нешто нека излезат во јавноста со факти. Според него, секој делегат на собранието на ФФМ се знае од каде е и од кој клуб доаѓа.

Поврзани новости