Сеизмолозите од Хрватска предупредуваат: Можен е нов земјотрес во Дубровник

by fokus

По серијата земјотреси кои рано изутринава ја погодија Албанија, а потоа и Босна и Херцеговина, од Сеизмолошкиот завод на Хрватска предупредуваат дека Албанија е изразито сеизмолошко активно подрачје, а Дубровник е продолжение на таа сеизмичка област.

– Кога станува збор за Хрватска, што повеќе одиме кон југ, тоа е сеизмичко поактивно. Овие потреси се од сеизмичко-тектонско потекло. Тоа значи дека на тоа подрачје е активна пукнатина. До потресот дојде така што дошло до поместување на длабочина од 10 километри, појасниле за Индекс од Сеизмолошкиот завод.

Оттаму додале дека кај големите земјотреси е вообичаено да следуваат и втори потреси.

– Таков потрес може да се случи во Дубровник уште утре, изјавил сеизмологот, потенцирајќи дека станува збор за исто сеизмолошко подрачје, поради што се можни нови потреси во таа област.

Поврзани новости