Сефер Цаноски: Доста ни ја меркаа државава како некоја ороспија

by fokus

Македонија и целокупната јавност е во исчекување на референдумот кој ќе се одржи на 30-ти септември. Дел од политичарите, некои срамежливо а некои веќе јавно го истакнаа своето мислење.

Познатиот бизнисмен и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, јавно порача дека е за европска Македонија, и како што порача „доста му е од оваа Македонија во која моментално живееме.“

„Македонче , каде се спремаш ?

Историска е оваа пресвртница што се случува во Македонија во моментов. И никој од нас не може и не смее да се изостави од овој историски момент да го искаже јасно ставот по ова прашање. Таквите кои молчат и се кријат и немаат јасен став по однос на референдумското прашање, нив Македонија не ги интересира.
Мојот став е јасен.
Сета почит кон премиерот кој ја има најголемата одговорност и кој во моментов ја води можеби најголемата политичка битка од поновата Македонска историја. Човекот заслужува максимална поддршка поради неговата храброст со се што направи. Во рекордно време успеа да го промени курсот на државата од несигурна земја имаме можност да обезбедиме сигурност и европска иднина на целиот 2 милиони народ,се разбира преку поканата за влез во НАТО и Европска унија и преку гласот на народот кој ќе биде одлучувачки на престојниот референдум.
Но , референдумот не треба и не смее да биде прашање само на политичарите. Референдумот не е само прашање на институциите ,приватници или оние кои се во администрација. Ова е големо историско прашање кое треба да го засега секој поединец во нашето општество.
Влијанието на политиката изминативе две и пол децении колку што постои Фиромска Македонија извади на површина една фрустрација која искреира еден куп лажни ликови и вредности во секој столб од општеството. Станавме земја со сериозна корупција и без никаква доверба во правниот систем.
ДОСТА ни беше од оваа Македонија во која во моментов живеме. Со напатен народ кој е крајно поделен. Иселеност и сиромаштија. Лага и измама на секој чекор и скоро во секоја институција.
Овде и сега е време да бидеме гласни и јасно да си го кажеме својот став.
Доста ни ја меркаа државава како некоја ороспија.
На Македонија и треба заштитник и партнер.
Затоа Мојот став е Јасен !
Јас сум за НАТО и Европска Македонија“, посочи Цаноски.

Поврзани новости