Седумнаесетгодишник и неговите сопатници излетале со возило во река

by Fokus

Седумнаесетгодишно момче заедно со уште четворица сопатници излетало во река, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 17,15 часот на регионалниот пат Кавадарци – месност “Мушов Гроб“, на последниот мост од реката Луда Мара во селото Ваташа, патничко моторно возило “Лада Самара” со скопски регистарски ознаки управувано од 17 годишно лице од Кавадарци, во кое имало уште четворица сопатници, излетало од патот во речното корито. Од незгодата со повреди се здобил возачот на возилото кој бил задржан на лекување во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости