Седумгодишно дете хоспитализирано во Клинички откако било прегазено од камион во Грчец

by fokus

Вчера попладне, седумгодишно дете, кое управувало велосипед, било прегазено од камионт „Мерцедес 508“ управуван од лице од Шишево. Детето веднаш било пренесено во Клинички центар.

„На 31.03.2019 во 18.30 часот во село Грчец, скопско, товарно возило „Мерцедес 508“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(45) од село Шишево, скопско, удрило во седумгодишно дете-велосипедист од село Грчец. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости