Седум починати од Ковид-19 во последното деноноќие

by fokus

Во последното деноноќие починаа седум пациенти заразени со Ковид-19, соопштуваат од Министерството за здравство, а меѓу нив е и 23-годишното момче од Свети Николе.

Починати се двајца пациенти од Струмица на возраст од 52 и 62 години, еден од Дебар, на возраст од 54 години, пациентка од Штип 53 години, пациентка од Прилеп на возраст од 66 години, пациент од Кочани исто така на возраст од 66 години и младото момче од Свети Николе.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани новости