Седум починати од корона вирусот за 24 часа

by fokus

Во изминатите 24 час заразени се нови 186 граѓани со корона вирусот, но има и седум починати, кои ја изгубиле битката со Ковид-19.

-Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г). Сите пациенти се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-2, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-2, Струга-4, Охрид-9, Гостивар-9, Гевгелија-5, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-1.

Поврзани новости