Седум пациенти ја изгубија битката со Ковид-19, најмладите на возраст од 43 и 49 години

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 721 заразен со Ковид-19, но и седумина пациенти кои ја изгубиле битката со вирусот.

-Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г,81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови, информираат од министерството за здравство.

Поврзани новости