Седницата за мандатот на Груевски не била ни закажана за Богоевски да ја одложи

by fokus

Точката за одземање на мандатот на пребеганиот пратеник, Никола Груевски, треба да се разгледа до следната среда, кога изминува рокот од 15 дена по известувањето добиено од собранискиот спикер, Талат Џафери. До тогаш Комисијата прво треба да го разгледа законот за Агенција за национална безбедност, за кој се поднесени околу педесетина амандмани.

Откако ќе заврши расправата за овој закон, пратеникот и претседател на Комисијата, Павле Богоевски, ќе ја закаже и седницата на која ќе се расправа за мандатот на Груевски.

Наспроти пишувањата кај одредени медиуми дека Богоевски ја откажал седницата, вистината е дека таа не беше ни закажана.

Џафери во средата испрати допис до Комисија со кој ја извести дека пратеникот Груевски неоправдано бил отсутен од собраниски седници повеќе од 6 месеци. Во членот 59 од собранискиот Деловник пишува дека по добивањето на известувањето, Комисијата има рок од 15 дена да заседава и потоа предлогот кој ќе го достави до парламентот да биде разгледан на првата собраниска седница.

Поврзани новости