Сеад Рахиќ останува 30 дена во притвор

by Fokus

Сеад Рахиќ, братот на поранешниот пратеник од СДСМ Есад Рахиќ, кој според Основното јавно обвинителство, во организирана криминална група продавале нелегално кокаин, заедно со уште четворица заработија 30 дневен притвор.

Според МВР, Сеад Рахиќ  ја организирал продажбата на дрогата, за оваа и за претходната година, се продавале пакетчиња на кокаин за 3.000 до 4.500 евра во и надвор од Скопје. Притоа, полицијата во домот на Рахиќ пронашла и одзела една паковка прашкаста материја, 50 куршуми и возило марка „голф 5“.

Неговиот адвокат Мирослав Вујиќ за Телевизија 24 изјави дека акцијата потсетувала на најмрачните сценарија за политички прогон.

Поврзани новости