Сеад Кочан се крие во Косово?

by fokus

Бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во истрагата „Труст“ на СЈО, во моментов наводно  се крие во местото Витомирица во близина на Пеќ, на Косово, објави порталот А1он, повикувајќи се извори кои се инволвирани во потрагата.

Неговиот адвокат, Никола Додевски, пак во неколку наврати изјави дека Кочан е на службен пат, без да открие во која земја.

По барање на Кривичниот суд по него е распишана меѓународна потерница, поради правосилната одлука за притвор од 30 дена. СЈО објави дека Кочан се наоѓа во бегство и дека на 9 март годинава со возило ја напуштил земјава. Тоа е денот кога на Кочан Кривичниот совет му одреди мерка притвор, што укажува на можноста дека тој веднаш по дознавањето на одлуката, ја напуштил Македонија.

Кочан се товари дека со фалсификувани документи наместил тендер во ЕЛЕМ од 17 милиони евра.

 

Поврзани новости